24фудбал

Реал Мадрид поразен од Шахтар на свој терен, ВАР не му помогна на крајот во судиското продолжение (ВИДЕО)

Шахтар со 3-2 го победи Реал Мадрид на „Алфредо Ди Стефано“, кралскиот клуб постигна гол во судиското продолжение кој оправдано му беше поништен поради офсајд.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид беше фаворит во дуелот со Шахтар, но украинскиот тим имаше магично прво полувреме во кое постигна три гола.

Отсуството на Серхио Рамос во тимот беше повеќе од очигледно, одбраната на Реал Мадрид не беше на потребното ниво.

Шахтар поведе во 29. минута со гол на Тете, а четири минути подоцна Варан си постигна несреќен автогол за 0-2. Пред крајот на првото полувреме по една убава акција Соломон даде гол за неверојатни 3-0.

Шокантниот резултат од првиот дел го ублажи Модриќ со прекрасен гол од далечина во 54. минута, а пет минути подоцна Винисиус постигна гол само неколку секунди по своето влегување за 2-3.

Реал Мадрид имаше уште половина час да направи пресврт или барем да се спаси од пораз, но не успеа ниту во едно од тие. Домаќините погодија во 92. минута но ВАР им го поништи голот поради офсајд.

Ефикасно беше и на мечот меѓу Салцбург и Локомотив Москва кој заврши нерешено 2-2