24фудбал

Падна рекорд стар 48 години, Ајакс му даде 13 гола на Венло! (ВИДЕО)

Ајакс е првиот тим кој дал 13 погодока на еден меч од првенството на Холандија, вечерва настрада Венло.

Останато

Ајакс го подобри својот рекорд од 1972 година, кога со 12-1 славеше против Витезе. Вечерва, клубот од Амстердам 13 пати ја тресеше мрежата на Венло и стана првиот тим кој може да се пофали со ваква бројка на меч од првенството од Холандија.

Ајакс на полувремето имаше предност од 0-4, а откако во продолжението од мечот домаќините останаа со играч помалку, избраниците на Тен Хаг постигнаа уште седум погодока.

Најдобар поединец беше 19 годишниот Траоре, кој дури пет пати се запиша во листата на стрелци.