24фудбал

Проблеми за Милан пред дербито со Рома, Донарума позитивен на коронавирус!

Милан попладнево соопшти дека тестирањата од вчера донеле пет позитивни случаи на ковид-19, Џиџо Донарума и Јенс Петер Хауге се заразени како и тројца членови на персоналот.

Италија

„Росонерите“ вечерва ја пречекуваат Рома во дербито на 5. коло а плановите на Пиоли треба да се променат во последен момент. Милан попладнево соопшти дека тестирањата направени вчера донеле пет позитивни случаи на ковид-19.

Заразен е голамнот Џиџо Донарума, напаѓачот Јенс Петер Хауге како и тројца членови на персоналот.

Па „росонерите“ ќе треба со вториот голман да и се спротивстават на „волчицата“.