Категорија: Англија 26.10.2020 17:09
Челси одигра реми без голови во дербито на шестото коло од Премиерлигата на гостувањето кај Манчестер јунајтед, а многумина повторно потсетија дека и натаму Тимо Вернер, па и Каи Хаверц не функционираат добро во новиот тим.
Особено актуелна е темата со гол-машината Тимо Вернер, а шефот на стручниот штаб на Челси, Франк Лампард тврди дека најдоброто од него допрва доаѓа.
„Нормално е да помине одредено време за сите работи да дојдат под контрола, овие работи не се случуваат преку ноќ, потребен е период за истите да се изградат“ вели Лампард.
„Причината поради која ги ангажиравме Тимо и Каи е да додадеме квалитет во составот, а ние веќе го имаме тоа, Зијеш исто така полека но сигурно влегува во посакуваниот ритам“ додава тој, а на крајот заклучи дека е исклучително среќен од изборот кој му е на располагање.
„Немам никаква грижа во однос на оваа тема, освоивме реми со Манчестер јунајтед, а тоа е сосема нормално, среќен сум со фудбалерите кои ги имам на располагање“ подвлече Лампард.