24фудбал

Извршниот директор на Бундеслигата се повлекува: Оставам време и простор да се испланира иднината

Зајферт таа функција ја обавува уште од 2005. година, а особено беше одлична неговата реакција во пандемијата со коронавирусот, откако Бундеслигата прва од помасовните првенства почна со масовно тестирање на фудбалерите и стручните штабови, а воедно и прва од топ петте дивизии продолжи.

Германија

Извршниот директор на германската Бундеслига, Кристијан Зајферт во соопштение до јавноста објави дека нема да продолжи со својата функција откако ќе му истече неговиот договор во 2022. година, по автоматизам претседателот на Бундеслигата, остава простор за да се испланираат идните потези за доброто на тоа првенство.

Оваа одлука е од особено значење, од денеска бордот на директори има добар период пред себе за да ги испланира идните планови, а воедно и цели на Бундеслигата“ вели Зајферт во своето писмо, а брзо потоа пристигна и одговор од претседателот на бордот, Питер Питерс.

Кристијан Зајферт направи толку многу за Бундеслигата изминативе 15 години, неговата работа беше макотрпна, а поради сиот тој труд дојдоа и големите резултати на првата и втората лига“ се вели во неговиот одговор на оваа вест.

Се верува дека главен кандидат за таа позиција е извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Хоаким Вацке, кој јавно наведе дека заминувањето на Зајферт е огромна загуба за Бундеслигата.