24фудбал

Интер без Сенси и Санчез на гостувањето кај Шахтер

Утревечер „Нероаѕурите“ на поправен тест по разочарувачкото реми на стартот, Шахтер пак, атакува на нова победа по сензационалната сред Мадрид.

Италија

Двоецот на Интер, Стефано Сенси и Алексис Санчез и дефинитивно нема да биде на располагање на Антонио Конте за гостувањето кај Шахтер во рамките на второто коло од групите во Лигата на шампионите.

Како што известуваат во Италија, двоецот не отпатувал со тимот за Киев, обајцата се вон комбинација поради повреда, а веста ја потврди и „Кориере дело Спорт“.

Во првото коло Интер одигра 2-2 на домашен терен против Борусија Менхенгладбах, додека пак Шахтер го шокираше Реал Мадрид совладувајќи го на негов терен со 2-3.