24фудбал

Каталонските медиуми пишуваат за скандал, помошникот го советувал судијата дека има фаул од Рамос над Ленгле!

Каталонските медиуми велат дека дошле до аудио снимка од разговорот помеѓу судиите на дербито помеѓу Барселона и Реал Мадрид, помошниког го советувал главниот арбитар дека Рамос најпрво направил прекршок врз Ленгле.

Шпанија

Реал Мадрид си замина од Камп Ноу со триумф од 1-3 а клучниот момент на мечот се случи по еден час игра, кога со помош на ВАР беше досуден пенал во корист на гостите откако Ленгле го повлече за дрес Рамос.

Каталонските медиуми велат дека дошле до аудио снимка од разговорот помеѓу судиите, помошникот го советувал арбитарот Мартинез Мунуера дека всушност најпрво има прекршок од Рамос на Ленгле и не треба да биде досудена најстрога казна.

„Има фаул од Рамос, фаул од Рамос. Рамос прв го фати противникот за дрес“ – е дел од комуникацијата.

За ваките стории, претседателот на Барселона порача: „Знам дека се снимаат разговорите помеѓу судијата и пошниците, ќе видиме што можеме да сториме, ќе ги браниме нашите права“.

Во меѓувреме, Барселона испрати допис до Фудбалската федерација на Шпанија, „каталонците“ се жалат дека се оштетени и дека ВАР не се применува на ист начин на сите натпревари.