24фудбал

Возбудливо реми на Сан Сиро со шест погодока и два смешни пенали, Милан испушти победа (ВИДЕО)

Прекината е победничката серија на Милан, вечерва „росонерите“ три пати водеа против Рома но на крајот мораа да се задоволат со еден бод.

Италија

Дербито на Сан Сиро заврши без победник, Милан и Рома одиграа возбудливо реми со шест погодока.

Резултатот беше отворен веќе во 2. минута, Златан Ибрахимовиќ погоди за 1-0. Гостите одговoрија преку Џеко, по еден корнер, голманот на Милан излета во празно а Босанецот со глава ја затресе празната мрежа.

На стартот од второто полувреме, „росонерите“ се вратија во предност, Салемакерс погоди за 2-1. Потоа следуваше смешен пенал за гостите и гол од белата точка на Верту за 2-2 во 71. минута.

Судијата како да направи компензација, па досуди смешен пенал и во корист за Милан а Ибрахимовиќ реализираше за 3-2. Сепак, на пет минути пред крајот, Ибра лошо реагираше при еден корнер а Кумбула изедначи на 3-3.