24фудбал

Тандемот Кејн - Сон му донесе тешка победа на Тотнем кај Барнли (ВИДЕО)

Само еден блесок на Кејн и Сон беше доволен за Тотнем да ги освои трите бода на гостувањето кај Барнли со кои дојде на само два минус од врвот.

Англија

Тотнем славеше исклучително тешка победа на гостински терен кај Барнли кој потсети на минатата сезона и не ја продаде лесно кожата.

Барнли играше одлична дефанзива, Тотнем освен погодокот не создаде ниту една друга чиста шанса за гол, домаќините се обидуваа од контри да погодат, но ниту тие не беа посебно опасни.

Клучниот момент се случи во 76. минута кога Кејн со глава асистираше до Сон кој исто така со глава погоди за водство и победа на Тотнем од 1-0.

Со овие три бода Тотнем се искачи на петтата позиција на табелата, но има само два помалку од Евертон и Ливерпул кои го делат врвот.