24фудбал

Еден месец суспензија за „режисерите“ на срамното судење на дербито помеѓу Милан и Рома

Љубителите на фудбалот имаа прилика да проследат вистинска голеада на дербито во Серија А, кое заврши со поделба на бодовите и реми со резултат 3-3, но, истовремено беа сведоци и на контроверзно судење.

Италија

Како што известуваат од Италија, главниот арбитар од дербито помеѓу Милан и Рома, Пјеро Џакомели и првиот човек во ВАР собата од тоа дерби, Луиџи Наска ќе бидат суспендирани еден месец по контроверзните одлуки кои донесоа на наведениот натпревар.

Возбудливо реми на Сан Сиро со шест погодока и два смешни пенали, Милан испушти победа (ВИДЕО)

Особено спорни се двата пенали на обете страни, најпрво за Рома, а веднаш потоа и за домаќините како еден вид „компензација“, па овие контроверзни одлуки нема да поминат неказниво.