24фудбал

Кандидатот за претседател на Барселона крои планови како да го врати Гвардиола

Фонт верува дека единственото нешто што во моментов му е потребно на Меси е да знае дека е дел од еден голем проект кој инспирира титула во Лигата на шампионите, а покрај Гвардиола, ги спомена Чави, Иниеста и Пујол.

Шпанија

Кандидатот за претседател на Барселона, Виктор Фонт посакува да го врати Пеп Гвардиола на клупата на каталонскиот гигант, а со тоа да се врати тимот на старите победнички патеки.

Фонт верува дека најдобриот начин да се задржи првата ѕвезда во тимот, Лионел Меси, е воедно да се договори враќање на Пеп Гвардиола на клупата како тренер.

Жозеп Мариа Бартомеу е веќе минато за Барселона откако си поднесе оставка во клубот, по неколку месечни критики на негова адреса за начинот на кој го водеше клубот.

Како и да е, Фонт тврди дека има добар план за тоа како да го врати клубот на старите победнички патеки, а првично ќе ја започне операцијата за враќање на Гвардиола, а покрај него ги спомена и останатите легенди на клубот како Чави, Иниеста, односно Пујол.

Повеќето од најдобрите професионалци кои добро го знаат овој стил на игра, а исто така се фанови и го сакаат клубот, како Пеп Гвардиола, Чави, Андрес Иниеста, Карлес Пујол... Сиве овие се легенди кои ја имаат Барса во своето срце, меѓутоа не работат во клубот, потребно е да ги вратиме за да се осигураме дека ќе имаме навистина голем проект“ вели Фонт.

Единственото нешто што му е потребно на Меси е да знае дека е дел од еден голем проект кој инспирира победа во Лигата на шампионите, а ние немаме никакво сомневање во тоа дека нашите цели првично би можеле да ги реализираме со останувањето на Меси во тимот“ додаде тој.

Се верува дека големиот срам претрпен од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, односно поразот од 8-2 дополнително го налути Меси по сите случувања во Барселона за јавно да обзнани дека си заминува, меѓутоа проблемите околу клаузулата на крајот го натераа Аргентинецот да остане, а Бартомеу на крајот се повлече од претседателската функција.