24фудбал

Клоп „распали“ по организаторите на распоредот во Премиерлигата: Можеби сум преглупав?

Германскиот фудбалски стратег на клупата на актуелниот англиски првак смета дека организаторите мора да бидат попаметни во однос на распоредот кој го изготвуваат за натпреварите во Премиерлигата.

Англија

Шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп тврди дека е создаден вистински метеж во распоредот на топ клубовите во Премиерлигата, алудирајќи на учеството во европските натпреварувања.

Клоп постојано го подвлекува прашањето околу распоредот на натпревари во Премиерлигата, а според него најмногу е спорно зошто клубовите кои имаат натпревар во среда во ноќен термин се инволвирани во првиот меч во сабота.

Сметам дека сите треба да се согласни околу тоа дека кога имате натпревар во вторник навечер, можете да бидете во предвид за првиот меч во сабота“ вели Клоп кој има проблеми со повреди на своите фудбалери.

Тие секогаш го ставаат тимот кој играл натпревар во среда во ноќен термин, како претходната сабота, таков беше случајот со Манчестер Сити, едноставно не можам да поверувам во сево ова, ние веројатно не сме пријатели, играме еден против друг, се бориме еден против друг, како е можно сево ова?“ запраша Германецот.

Можеби сум преглупав, челниците во Премиерлигата како Ричард Мастерс и останатите постојано велеа Ајде, тоа е тоа..., тие едноставно не се ни обидуваат да го променат ова, не разбирам зошто е така“ заклучи Клоп.

Ливерпул имаше натпревар од Лигата на шампионите во вторникот навечер против Митлијанд, а ќе играат против Вест Хем во сабота попладне, по што следи гостување во Бергамо против Аталанта во новиот предизвик од Лигата на шампионите во вторник.