24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Голема дилема околу капитентската лента

Пред нас се возбудувањата во рамките на седмото коло во Премиерлигата, а сигурно дека натпреварувачите на Фантази со нетрпение ги очекуваат натпреварите од новата рунда.

Останато

Добредојдовте во најновото издание на „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“ како помошна алатка за сите наши натпреварувачи на мега популарната во светски рамки Фантази Премиерлигата, која брои над седум милиони натпреварувачи, од кои над седум илјади се од Македонија.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Можеме слободно да заклучиме дека претходното шесто коло беше во голема мера разочарувачко за мнозинството натпреварувачи, иако, мораме да наведеме дека некои се „офајдија“ на бодовното салдо од таквиот исход.

Претходната анализаШефилд може да настрада кај Ливерпул, шанса за Салах да блесне

Како и да е, нашиот избор на фудбалери донесе и помалку од скромни 30 бода во коло каде просекот изнесуваше 48, а сигурно дека најголемото разочарување е Мохамед Салах кому му ја доверивме капитентската лента во мечот против очајниот Шефилд Јунајтед, но Египјанецот разочара со своето издание.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Сигурно дека големи се очекувањата за претстојниот викенд, меѓутоа подолу во анализата ќе наведеме зошто постои голема дилема околу едно прашање во селектирањето: Кому да му ја довериме капитентската лента?

Меѓутоа, дотогаш, најпрво ќе се осврнеме на актуелната ситуација во поглед на состојбата со трансферите, а таму прв на листата на најкупувани е напаѓачот на Лидс, Патрик Бамфорд кој беше играч на шестото коло со вкупно 17 освоени бода по хет-трикот во убедливата победа кај Астон Вила.


По Бамфорд, следи Заха од Кристал Палас кој исто така игра во одлична форма, па Чилвел од Челси, веројатно најмногу поради одличниот распоред пред себе, како и неверојатниот Сон од Тотнем, односно Саис од Вулверхемптон.

Листата на најпродавани фудбалери ја сочинуваат големи ѕвезди, некои разочараа, а некои поради повреда, а на првото место е Дињ од Евертон кој ќе паузира еден меч поради црвениот картон претходното коло, по него следи Ван Дајк од Ливерпул чија сезона и повеќе од веројатно е дека е завршена поради повреда, па неговиот соиграч Арнолд, оваа листа ја комплетираат Родригез од Евертон, како и Обамејанг од Арсенал.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Голманската позиција ова коло ќе му ја довериме на Алекс МекКартни (4.5) од Саутемптон, уште пред самиот старт на новата сезона го препорачавме заедно со Метју Рајан од Брајтон кој има идентична цена, па така овој двоец е одличен за ротација. По клин-шитот против Евертон, сигурно и повеќе од неочекуван, МекКартни со Саутемптон гостуваат кај Астон Вила која претходното коло запиша убедлив пораз на свој терен од Лидс.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Ја проследивте статистиката на најкупувани фудбалери за претстојното ново коло, а во голема мера се согласуваме со истата, па така ќе го препорачаме Бен Чилвел (5.8) кој со својот Челси гостува кај Барнли, екипа која во пет меча успеа да постигне само три гола, што е во голема мера за очекување Челси да го сочува својот гол.

Мет Доерти (5.8) претходното коло го запиша својот прв клин-шит во дресот на Тотнем на гостувањето кај Барнли, а Ирецот во меѓувреме беше одморен во Лига Европа, па така ќе биде свеж и подготвен за настап против Брајтон на домашен терен, а секако, очекувањата од него ќе бидат големи.

Роман Саис (5.3) од Вулверхемптон го имаат 20% од натпреварувачите во својот состав, а сигурно имаа многу среќа претходното коло кога бекот од игра на мечот со Њукасл излезе во 67. минута при веќе заработен клин-шит, за на крајот истиот освен што го задржа, па дури освои и дополнително бонус-бод. Ова коло Вулверхемптон на домашен терен го пречекува Кристал Палас, за што големи се шансите домашните дефанзивци да освојат бодови од клин-шит.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Во однос на средниот ред ќе започнеме со Сон (9.5) од Тотнем, кој друг ако не Кореецот кој игра во животна форма во новата сезона каде досега на шест меча успеа да постигне осум гола, а притоа да придодаде уште две асистенции. Тотнем на свој терен го пречекува Брајтон, а Сон е секако и конкурент за капитентската лента.

Мохамед Салах (12.4) разочара во мечот против очајниот сезонава, Шефилд Јунајтед, иако Ливерпул славеше со 2-1, сепак Египјанецот не учествуваше во обата гола гледано од бодовен аспект, меѓутоа ќе му укажеме повторно доверба во дуелот на домашен терен со Вест Хем, но, дилемата е дали повторно да му се врачи капитентската лента, а воедно да се очекува еден вид на изненадување во коло каде и повеќе од сигурно е дека Сон би бил подобар избор за натпреварувачите.

Маркус Рашфорд (9.5) е фудбалерот за кого се зборува најмногу изминатава седмица, а ѕвездата на Манчестер јунајтед освен што учествува во една голема хуманитарна акција на Островот, а истовремено добива честитки и од најлутите ривали во Премиерлигата, на теренот игра перфектно. По хет-трикот против Лајпциг во Лигата на шампионите во еден навистина брз период, и тоа како играч кој во игра влезе од клупата за резерви, против Арсенал ќе има можност да продолжи со својата одлична форма.

Имаме чувство дека Рахим Стерлинг (11.6) е фудбалерот кому треба да му обрнете внимание ова коло, јасно е дека ѕвездата на Манчестер Сити не игра на своето посакувано ниво, меѓутоа фактот што пред себе ова коло за противник ќе го има очајниот Шефилд Јунајтед би требало да донесе внимание кон него, а зад себе има само 7.3% од натпреварувачите.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Хари Кејн (10.9) игра одлично во тандем со Сон, а тоа носи резултати за Тотнем кој е апсолутен фаворит на пресметката со Брајтон на домашен терен, го вметнуваме и Кејн во конкуренција за капитентската лента.

Тимо Вернер (9.3) донесе големи дилеми кај натпреварувачите кои во огромна бројка му го доверија местото во своите тимови на стартот од сезоната, набргу се разочараа, но Германецот во петтото коло донесе одлични 16 бода со два гола и една асистенција. Ова коло на гостувањето кај Барнли ќе биде прва опасност по голот на противникот, а веруваме дека ќе продолжи онаму каде што застана во Лигата на шампионите оваа седмица, откако во убедливата победа кај Краснодар запиша гол и асистенција.

Фудбалерот кој може да направи разлика во однос на останатите е Че Адамс (5.8), напаѓачот на Саутемптон кој делува дека е сосема потценет од натпреварувачите, кои ги има само 2%, а Адамс во само две кола успеа да запише 19 бода, а викендов со својот тим гостува кај Астон Вила.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Предлог-состав: МекКартни (4.5); Чилвел (4.8), Доерти (5.8), Саис (5.3); Сон (9.5), Салах (12.4), Рашфорд (9.5), Стерлинг (11.6); Кејн (10.9), Вернер (9.3), Адамс (5.8)

Оставаме на вас да донесете финална одлука во однос на фудбалерот кому би му ја довериле капитентската лента, бидејќи дилемата е голема, а во неа се Сон, Кејн и Салах, а не би било никакво изненадување ниту Вернер.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Во крајниот дел од анализата, традиционално ќе известиме и за случувањата во генералната лига на Македонија, како и лигата на „24фудбал“.

Во генералниот пласман на Македонија лидер е Мики Попоски со досега освоени 467 бода, имате можност да го проследите неговиот избор од претходното коло.


Во лигата на „24фудбал“ прв на табелата е Митко Станоевски со досега освоени 429 бода, имате можност да го проследите и неговиот избор.


Среќно до сите натпреварувачи во претстојното коло, не заборавајте да се приклучите на лигата на „24фудбал“, кодот е следен: unckad