24фудбал

Наполи и Елмас со минимална победа кај Реал Сосиедад, Арсенал за пет минути го реши Дандалк (ВИДЕО)

Наполи ја забележа првата победа во групната фаза од Лига Европа откако славеше со 0-1 на гостувањето кај Реал Сосиедад, Арсенал рутински со 3-0 ја доби пресметката со Дандалк.

Лига Европа

Избраниците на Џенаро Гатузо неочекувано загубија дома од АЗ Алкмар во првото коло, но вечерва надополнија со триумф во Шпанија. На гостувањето кај Реал Сосиедад, Наполи славеше со 0-1.

Стрелец на погодокот вреден три бода беше Политано, Италијанецот биеше од далечина, топката закачи еден од домашните дефанзивци и заврши во мрежата.

Елиф Елмас беше дел од експедицијата на „наполитанците“ но Македонецот се уште не е во топ форма и мечот го помина на клупата за резерви.

Во Лондон, Арсенал рутински со 3-0 го совлада Дандалк. Се беше решено во период од пет минути. Кон крајот на првиот дел, Нкетија погоди за 1-0, а Вилок зголеми на 2-0. Само што почна второто полувреме, Пепе релизираше за 3-0.

Резултати на натпреварите од Лига Европа во 21 часот:

АЗ Алкмар - Риека 4:1

Арсенал - Дандалк 3:0

Рома - ЦСКА Софија 0:0

Бенфика - Стандард 3:0

ЦФР Клуж - Јанг Бојс 1:0

Гранада - ПАОК 0:0

Молде - Рапид 1:0

Ница - Х. Бер Шева 1:0

Омонија - ПСВ 1:2

Ренџерс - Лех 1:0

Реал Сосиедад - Наполи 0:1

Славија Прага - Баер Леверкузен 1:0