24фудбал

Ниту ВАР не го спречи, Жота донесе победа за Ливерпул, „црвените“ изедначија рекорд стар 40 години (ВИДЕО)

Ливерпул се врати од гол негатива и славеше против Вест Хем, Диего Жота во финишот донесе триумф од 2-1 и три бода за првото место на табелата.

Англија

„Црвените“ се на врвот во Премиерлигата откако вечерва со 2-1 го совладаа Вест Хем. Гостите први зададоа удар, Форналс биеше прецизно по десет минути игра за водство од 0-1.

Сепак во финишот на првиот дел, Салах од пенал донесе изедначување. Масуаку реагираше неспретно и го сопна Египјанецот во шеснасетникот, напаѓачот сам превзе одговорност и погоди од белата точка за 1-1.

Диего Жота во 77. минута реализираше за водство на домаќините по една мешаница, но ВАР прегледуваше и го поништи голот поради фаул од Мане врз голманот.

Сепак, Португалецот не дозволи видео технологијата да спречи славје и во 85. минута, по една одлична акција донесе 2-1.

По овој натпревар, Ливерпул може да се пофали со серија од 63 без пораз на домашен терен со што го изедначи рекордот од пред 40 години, кога „црвените“ предводени од Боб Пејлси имаа серија од 63 натпревари без пораз (помеѓу февруари 1978 и декември 1980).