24фудбал

Баерн Минхен ја победи Борусија во Дортмунд и сега е осамен на врвот во Бундеслигата (ВИДЕО)

Баерн Минхен со 3-2 славеше на гостувањето кај Борусија Дортмунд, ги освои трите бода од големото дерби и сега е сам на врвот на табелата во Бундеслигата.

Германија

Денеска се играше големото дерби меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен. Баварците беа подобар противник и заслужено го освоија целиот плен.

Баерн Минхен во 23. минута ја затресе мрежата на Дортмунд, но голот на Левандовски го поништи ВАР поради мал офсајд.

Во 45. минута Марко Ројс донесе водство за Борусија од 1-0, а во четвртата минута од судиското продолжение во првиот дел, Алаба од слободен удар реализираше за 1-1.

По три минути игра во вториот дел Левандовски погоди со глава за комплетен пресврт и водствов на Баерн Минхен од 2-1.

Во 80. минута Лирој Сане реализираше за 3-1, но само три минути подоцна Халанд постигна гол и намали на 3-2.

Брзо потоа Марко Ројс пропушти идеална шанса за израмнување, од само неколку метри биеше силно над голот на Нојер.

Во судиското продолжение Левандовски постигна уште еден гол, но и тој му беше поништен поради офсајд.

По седум одиграни кола Баерн Минхен е на врвот со 18 бодови, Лајпциг е втор со 16, а Борусија Дортмунд е трета со 15 бодови.