24фудбал

Марка: Барди е најдобриот странец во 111 годишната историја на Леванте (ФОТО)

Реномираниот шпански весник „Марка“ излезе со посебна статија за Енис Барди во која го фали македонскиот фудбалер, вели дека е тој е најдобриот странски играч во историјата на Леванте.

Шпанија

Марка е полна со пофалби за Барди, потсетува дека тој неодамна го одигра 100. лига натпревар за Леванте во Примера, а таков учинок имаат само уште осум играчи на овој клуб.

Тој досега има 19 голови за Леванте и е најдобриот странец стрелец во клубот, го помина Мустафа Рига кој имаше 17 погодоци. Барди е и трет најдобар стрелец во Примера за Леванте, повеќе голови од него имаат само Моралес 40 и Марти 30.