24фудбал

Тепачка во соблекувалната на Колумбија по дебаклот од Еквадор, Хамес Родргиез во главната улога

Според колумбиските медиуми, Хамес Родригез и Џеферсон Лерма се степале во соблекувалната на Колумбија по срамниот пораз од Екварод.

Јужна Америка

Колумбија и покрај тоа што има одличен состав, беше понижена од Еквадор откако загуби со 6-1. Овој резултат сериозно го стресе столчето на селекторот Карлос Квеироз, но медиумите од оваа земја информираат и за тепачка во соблекувалната.

Според некои извори, Хамес Родригез и играчот на Борнмут, Џеферсон Лерна почнале вербална расправија која прераснала во физичка пресметка. Двајцата си размениле по неколку удари пред да бидат разделени од соиграчите.

Колумбиските медиуми пишуваат дека инцидентот не е случаен. Дел од репрезентативците на Колумбија се вознемирени од различниот третман кој Хамес го добива од селекторот Квеироз, тој му дава третман на ѕвезда и го воздигнува во однос на другите играчи.

Квеироз ја губи контролата врз соблекувалната, а поради тоа Колумбиската фудбалска федерација ја разгледува можноста да му врачи отказ. Проблем е тоа што тој има договор кој е скап за раскинување, ќе треба да му платат високо обесштетување.