24фудбал

Олег Блохин е нов тренер на Динамо Киев

Украинскиот селектор, Олег Блохин е именуван за нов тренер на Динами Киев.

Останато
Легендата на украинскиот фудбал, Олег Блохин ќе биде новиот предводник на Динамо Киев.
 
Поради слабите резултати на стартот до новата сезона, во понеделникот Динамо Киев го отпушти тренерот Јури Семин.
 
59 годишниот Блохин бил напаѓач на Динамо Киев во времето на Советскиот Сојуз.
 
Тој ќе ја предводи украинската репрезентација и на следните два квалификациски натпревари против Молдавија и Црна Гора, па потоа дополнително ќе се донесе одлука дали ќе остане селектор до крајот циклусот.