24фудбал

Меси ја доби Златната Топка за 2012

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси е прогласен за Најдобар Фудбалер во 2012, Аргентинецот четврта година во низа ја добива ’Златната Топка’

Останато

Лео Меси продолжува да руши рекорди, Аргентинецот стана првиот фудбалер што по четврти пат ја добива ’Златната Топка’.

Аргентинецот во изборот на селекторите, капитените на националните тимови и стручното жири, доби најмногу гласови и успеа да стигне до насловот Најдобар Фудбалер во 2012 пред големиот ривал од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и соиграчот од Барселона, Андрес Иниеста.

Меси, кој во 2012 постигна рекордни 91 погодоци, рече: „Навистина е неверојатно што одново ја добив ’Златната Топка’, четврта година во низа. Немам зборови за да го опишам сето ова”.

„Би сакал да им оддадам признание на моите колеги од Барселона”.

„Исто така сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи во селекцијата на Аргентина. На сите тренери и сиот персонал што работеше со мене, сакам да им се заблагодарам на пријателите и семејството”.

„Посебно им се заблагодарувам на мојата сопруга и мојот син. Ви благодарам”.