24фудбал

Бразил е првиот финалист на Купот на Конфедерациите

Во јужноамериканското дерби, Бразил со 2-1 го победи Уругвај и се пласираше во финалето од Купот на Конфедерациите.

Останато

Бразил и Уругвај одиграа борбен и тензичен натпревар на кој славеше домаќинот и се пласираше во финалето.

Диего Форлан може да се смета за трагичар на натпреварот, напаѓачот на Уругвај не реализираше пенал

Шампионот на Јужна Америка можеше да поведе откако судијата покажа на белата точка по еден прекршок на Давид Луиз.

Форлан биеше лошо, Жулио Цезар го одбрани неговиот удар.

На четири минути до крајот на првиот деул, Нејмар се обиде, одбиената топка стигна до Фред кој реализираше за водство на Бразил од 1-0.

Уругвај брзо се врати во игра, по само три минути во вториот дел, Кавани постигна гол за израмнување на 1-1.

Во самиот финиш на натпреварот, по центаршут на Нејмар, Паулињо со глава реализираше за ново водство кое овој пат значеше победа на Бразил од 2-1.

Бразил заслужено се радува на финале, Уругвај може да жали за пропуштениот пенал.

Утре на програмата е европската полуфинална пресметка помеѓу Шпанија и Италија.