24фудбал

Еуроспорт: Марио Ѓуровски го направи најглупавиот потег во 2013

Според Еуроспорт, македонскиот интернационалец, Марио Ѓуровски ја направи најголемата глупост во 2013 кога ги соблече шорцевите при прослава на погодок и заработи втор жолт картон.

Македонија

Познатиот спортски канал, Еуроспорт, прави ретроспектива на случувањата во 2013 година, а таму имаме и наш претставник.

Имено Марио Ѓуровски се закити со наградата за најглупав потег во годината која изминува.

Да потсетиме, при прослава на погодок за Муангтон Јунајтед, Македонецот ги соблече шорцевите и ги стави на глава, тоа го направи иако имаше жолт картон, па заработи втор и беше исклучен.