24фудбал

Самсоненко го купи Вардар

Рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко за сума од 81 000 евра ги купи акциите од Град Скопје и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и стана сопственик на ФК Вардар.

Македонија
Самсоненко беше единствениот кој достави понуда за купување на акциите на Вардар на јавниот повик на Град Скопје и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.
 
Рускиот бизнисмен ќе биде обврзан во наредните десет години да вложува по минимум милион евра годишно во ФК Вардар, но најавите се дека вложувањата ќе бидат многу поголеми.
 
Се очекува Самсоненко да именува комплетно нова раководна структура, а се шпекулира дека Ѓоко Хаџиевски ќе биде назначен за нов тренер.
 
Бројни промени се очекуваат и во играчкиот кадар кој за почеток ќе има задача да ја одбрани шампионската титула, а една од основните цели во иднина е Вардар да има многу позабележителни настапи во фудбалска Европа.