24фудбал

Милер: Никогаш не сум изгубил од Меси

Томас Милер очекува тожок натпревар против Аргентина, вели дека главното внимание во одбраната треба да го насочат кон Меси, од кој потенцира дека никогаш не загубил.

СП 2014
Милер игра фантастично светско првенство, постигна пет гола на шест натпревари и даде голем допринос за успехот на германската репрезентација.
 
Останува уште само еден натпревар, оној главниот за големиот трофеј на светското првенство.
 
„Многу важно ќе биде да одиграме најдобро што можеме, особено во дефанзивата. Треба да бидеме брзи за да го чувате Меси".
 
„Против Меси сме играле неколку пати. Никогаш не сум загубил официјален натпревар од него".
 
Германија го прегази Бразил со фантастични 7-1, Милер не очекува нешто слично, смета дека натпреварот против Аргентина ќе биде тежок.
 
„Не знам каков натпревар ќе биде во недела, но не очекувам да биде 5-0 на полувреме. Тоа би било убаво, но веројатно ќе биде тешко како против Алжир или Франција".
 
„Ќе дадеме се од себе за да го освоиме светското првенство".