24фудбал

Силекс со три убави гола и одбранет пенал го средил Вардар (ВИДЕО)

Прегледот од натпреварот покажува дека кратовчани брилјирале на натпреварот против лидерот.

Македонија

Силекс повел со прекрасен гол од слободен удар, дело на Александар Пановски во 7. минута. Потоа Бобан Грнчаров израмнил со гол со глава. Вардар имал шанса да поведе, но Слаѓан Митровиќ ја прочитал намерата на Драган Ќеран и му го одбранил пеналот.

Игор Недељковиќ во 30. минута мајсторски ја протнал топката покрај Пачовски, а потоа и Филип Дурански со прецизен удар се запишал во листата на стрелци.

Сепак не било за џабе необичното славје на кратовци возејќи џип низ теренот.