24фудбал

Гери Линекер: Не можам да дишам!

Легендата на Лестер, Гери Линекер со многу емоции го опиша успехот на новиот шампион на Англија!

Англија

Легендата на Лестер и на англискиот фудбал, Гери Линекер вели дека овој трофеј за него е најголемиот спортски шок во животот и тоа од неговиот тим.

„Не можам да дишам“ - беше првиот твит на Гери Линекер по заверката на шампионскиот трофеј на Лестер.

„Лестер ја освои Премиерлигата. Најголемиот спортски шок во мојот живот и тоа е само мојот тим“ - напиша Линекер откако се совзема по возбудата.

Линекер треба да си го исполни ветувањето и следната епизода од својата емсија на Би-Би-Си, „Match of the day“ треба да ја води во долна облека.