24фудбал

Раниери ги советува своите ѕвезди: Останете во Лестер, тука сте кралеви

Клаудио Раниери ги советува своите најдобри играчи да останат барем уште една сезона на Кинг Пауер Стадионот и да играат во Лигата на Шампионите во дресот на „Лисиците“

Англија

Главните играчи на Лестер, како што се Џејми Варди, Ријад Махрез, Н’Голо Канте и Каспер Шмајхел летоска веројатно ќе добијат примамливи понуди од големите клубови од Англија.

Клаудио Раниери не сака да остане без своите ѕвезди, па ги советува играчите да останат барем уште една сезона на Кинг Пауер Стадионот.

„Би сакал да ги задржам сите мои играчи – вели Италијанецот. „Доколку некој играч ми каже дека сака да се пресели во друг клуб, ќе се обидам да го задржам.

„На сите им велам дека ова е фантастичен клуб, ја освоивме титулата, и можеме да направиме нешто добро во годините кои претстојат.

„Доколку заминат нема да знаат што ќе се случи. Тука тие се кралеви.

„Многу подобро е да останат тука барем уште една година и да видат што ќе се случи. Потоа би можеле да се преселат во друг клуб.

„Лигата на Шампионите е многу важно натпреварување каде играте против другите шампиони.