24фудбал

Мидлсбро – Брајтон меч вреден најмалку 215 милиони евра!

Мидлсбро и Брајтон во меѓусебен дуел ќе одлучуваат кој ќе биде вториот директен патник во Премиерлигата а аналитичарите велат дека натпреварот е вреден најмалку 215 милиони евра

Англија

Барнли веќе се избори за промоција во најсилното првенство на Англија, а овој викенд ќе го добиеме вториот директен патник, и тоа во меѓусебниот дуел помеѓу Мидлсбро и Брајтон.

Аналитичарите од „Островото“ велат дека ова е најдоходовниот натпревар во светот на фудбалот и проценуваат дека победникот ќе си обезбеди приходи од најмалку 215 милиони евра.

Од следната сезона во Премиерлигата на сила стапува новиот договор за ТВ права и Мидлсбро или Брајтон ќе добијат најмалку 120 милиони евра од настапот во најсилното првнество на Англија, како и додатни 95 милиони во наредните две сезони од загарантираниот фонд кои им се доделуваат на клубовите кои ќе испаднат.

Доколку Мидлсбро или Брајтон ја преживеат првата сезона по враќањето во елитата, нивните приходи ќе бидат фантастични 370 милиони евра.