24фудбал

Годин: Кавани сака да се пресели во Атлетико

Капитенот на Атлетико Мадрид, Диего Годин открива дека во неколку наврати го повикал Единсон Кавани да му се придружи на Висенте Калдерон и напаѓачот е отворен за оваа идеја

Шпанија

29 годишниот Единсон Кавани често се поврзува со заминување од ПСЖ, а за неговите услуги интерес пројавуваат неколку клубови од Премиерлигата како и Јувентус.

Според Диего Годин, напаѓачот е отворен за идеата да се пресели во Атлетико Мадрид, и открива дека во неколку наврати го повикал својот сонародник да му се придружи на Висенте Калдерон.

„Неколку пати разговарав со него и го повикав да ми се придружи во Атлетико – вели капитенот на „Колчонероси“. „Го обожава клубот, го обожава Атлетико Мадрид.

„Го сака стилот што го негуваме бидејќи е сличен на оној што го играме во репрезентацијата и како го разбираме фудбалот во Уругвај.

„Му се допаѓа идеата да го облече дресот на Атлетико.