24фудбал

Севиља не ја дава Лига Европа, трета титула по ред! (ВИДЕО)

Со фантастична игра во второто полувреме Севиља направи пресврт против Ливерпул, го победи со 3-1 и стана првата екипа која три пати по ред триумфирала во најмасовното натпреварување.

Лига Европа

Доминацијата на Севиља во Лига Европа продолжува, овој куп како да е резервиран за шпанскиот тим, вечерва падна Ливерпул.

Тимот на Клоп беше подобар во првото полувреме и дојде до водство со прекрасен гол на Даниел Стариџ.

Но работите комплетно се променија во вториот дел, по само 20 секунди со гол на Гамеиро Севиља го изедначи резултатот и продолжи да атакува кон водство.

Не помина долго а тоа се случи, Коке најпрво го изедначи резултатот, а неколку минути подоцна капитенот зголеми на 3-1 и го реши прашањето околу победникот.

Севиља сосема заслужено слави историски успех со третата круна по ред, а Јирген Клоп и Ливерпул во следната сезона ќе бараат тиула.