24фудбал

Бекам со совет до Реал: Стабилноста е клучна, Зидан мора да остане

Поранешниот фудбалер на „Кралевите“, Дејвид Бекам го советува Флорентино Перез да го задржи Зинедин Зидан на кормилото дури и по евентуален неуспех во финалето од Лигата на Шампионите

Шпанија

Французинот на почетокот од годинава го превзеде првиот тим на Реал Мадрид, и иако имаше одредени проблеми, успеа да го врати тимот на победнички патеки, „Кралевите“ имаа силен финиш во Примера, а се изборија и за финале во Лигата на Шампионите.

Се верува дека стратегот ќе остане на кормилото и следната сезона, а Дејвид Бекам го советува Флорентино Перез да го задржи Зинедин Зидан дури и по евентуален неуспех во Милано на дуелот со Атлетико Мадрид.

„На Реал му е потребна стабилност и континуитет – вели Англичанецот.

„Би било добро доколку Зидан остане на кормилото и ги задржи играчите кои ги има сега.

„Дури и да не ја освојат Лигата на Шампионите, Реал треба да му укаже доверба и да го остави да продолжи со работата.

„Стабилноста е клучна.