24фудбал

Ибрахимовиќ ќе му биде помошник на Мурињо во Манчестер јунајтед

Според англиските и шведските медиуми, Златан Ибрахимовиќ се сели во Манчестер јунајтед, најпрво како фудбалер, а потоа ќе ја има и улогата на помошник на Жозе Мурињо.

Англија

Наскоро Жозе Мурињо треба да биде промовиран во нов тренер на Манчестер јунајтед, раководството на клубот ја донесе одлуката која официјално треба да биде соопштена во наредните денови.

Според шведскиот „Спортсбладет“, Манчестер јунајтед ја добил и трката за Златан Ибрахимовиќ кој по четири години заминува од ПСЖ.

Рајан Гигс добил понуда да остане помошник, но решил да не прифати, па Жозе Мурињо дошол до една интересна идеја.

Златан Ибрахимовиќ во наредната година ќе биде прв напаѓач на Манчестер јунајтед, а потоа би седнал на столчето до Мурињо во улога на негов помошник.

Можеби уште денес Мурињо ќе биде промовиран за нов предводник на Јунајтед, а се очекува многу наскоро да биде позната и иднината на Ибрахимовиќ, дали тој ќе го прифати повикот од Португалецот.