24фудбал

Ќе пропушти квалификациски меч поради тест во училиште!

Младата ѕвезда на Египет, Рамадан Соби, нема да биде дел од мечот на неговата земја против Танзанија поради тоа што треба да се појави на тест во училиште.

Останато

Египет на 4. јуни се среќава со Танзанија и потребен им е уште еден бода за да избори пласман на Африканскиот Куп на Нации кои се игра во Габон 2017.

18-годишниот Рамадан Соби нема да може да им помогне на своите соиграчи поради важен испит на училиште.

„Рамадан Соби нема да може да игра на следниот меч за Египет поради тоа што треба да се појави на тест во неговото средно училиште“ - изјави директорот на египетската репрезентација.

„Натпреварот се игра на 4. јуни, неговиот тест е на 5. јуни, не можеме да му обезбедиме авион за да стигне на време, па нема да биде дел од овој меч“.

„Неговото отсуство ќе биде голем удар за нас бидејќи Рамадан е еден од најважните фудбалери во националниот тим, но имаме и други играчи“.