24фудбал

Ангеловски: Репрезентацијата е повеќе од фудбал

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски вели дека атмосферата во националниот тим е на највисоко ниво.

Македонија

Во пресрет на заминувањето за Австрија и пријателскиот меч против Азербејџан, селекторот ја пренесува атмосферата во репрезентативниот табор.

Базата ја посетија Александар Васовски, Влатко Гроздановски и Даниел Мојсов, а тоа дополнително го радува селекторот.

„Примарно е да ја освежиме екипата од сезоната на клупски план, сите сме позитивни и со нетрпение го очекуваме натпреварот против Азербејџан. Македонската репрезентација е повеќе од фудбал, а тоа го потврдуваат репрезентативците, актуелни и поранешни кои ни ја даваат потребната мотивација и поддршка. Во фудбалот треба да се поклопат многу работи за добар резултат, но ние веруваме дека сме на добар пат. Посакуваме да имаме свои начин на игра и однесување на теренот.Со приклучувањето на младите од тимот до 21 години ќе бидеме и поспокојни, сега им посакуваме многу успех против Украина, вели Ангеловски.