24фудбал

Ракитиќ: Шпанија? Можеби УЕФА ќе не испрати дома

Иван Ракитиќ вели дека европската куќа на фудбалот би можела да ја исфрли Хрватска од ЕУРО 2016 и открива дека судијата Марк Клатенбург размислувал да го прекине натпреварот против Чешка

ЕУРО 2016

Хрватски хулигани го прекинаа денешниот натпревар против Чешка откако фрлија пиротехника на теренот.

Покрај тоа што ја извадија од ритам својата репрезентација и помогнаа Чешка да стигне до изедначување, тие можат да ја чинат Хрватска и исфрлање од ЕУРО 2016

Иван Ракитиќ вели дека европската куќа на фудбалот би можела да ја испрати Хрватска дома и открива дека судијата Марк Клатенбург размислувал да го прекине натпреварот против Чешка

„Што и да кажам сега ќе испаднам глуп – вели фудбалерот на Барселона. „Имавме среќа што средбата продолжи, судијата сакаше да го прекине натпреварот и тогаш ќе имавме многу поголеми проблеми.

„Не случајно мораме да играме без публика во следните квалификации.

„Има многу прави навивачи кои за жал нема да можат да ја гледаат репрезентацијата на домашен терен.

Запрашан што очекува од дуелот со Шпанија, Ракитиќ одговори: „Мораме да почекаме и да видиме дали ќе играме. Можеби УЕФА ќе не испрати дома.

„Најпрво ќе се одмориме и ќе го чекаме расплетот од инцидентот.

„Се надевам дека ќе не остават на ЕУРО 2016.