24фудбал

Астана се раздели со Абдурахими

Астана реши да не го откупи во целост договорот на Бесарт Абдурахими, репрезентативецот на Македонија ќе треба да се бара нов клуб

Македонија

Бесарт Абдурахими во март се пресели во главниот град на Казакстан на позајмица до крајот на сезоната со опција неговиот престој да биде продолжен.

Во дресот на Астана офанзивниот фудбалер одигра само четири натпревари и не успеа се наметне.

Па наместо неговиот договор во целост да биде откупен, клубот реши да ја прекине соработката со репрезентативецот на „Црвено-жолтите“.