24фудбал

Де Геа им се заблагодари на критичарите: Само ме мотивирате

Голманот на Манчестер јунајтед и Шпанија на брилијантен начин одговори на критиките кои пристигнаа на негова адреса по поразот од Хрватска

ЕУРО 2016

„Црвената Фурија“ доживеа шок на дуелот со „Коцкастите“, па наместо да го потврдат првото место во групата тие завршија како втори и сега имаат пеколен пат за одбрана на титулата.

Голманот Давид Де Геа беше посочен како еден од главните виновници и многумина му замерија за голот што го прими од Иван Перишиќ во завршницата од средбата.

Чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед и Шпанија веднаш се огласи на социјалните мрежи и на брилијантен начин одговори на критиките.

„Ви благодарам на критиките, тие ме мотивираат да продолжам да се борам – напиша Де Геа на Твитер.