24фудбал

Милан го купи најдобриот стрелец во Серија Б

Голгетерот на Пескара, Џанлука Лападула се сели на Сан Сиро, играчот утрово пристигна во Милано на лекарски прегледи со „Росонерите“

Италија

26 годишниот Италијанец минатата сезона прикажа извонредни партии и со 30 погодоци зад своето име беше најдобар стрелец во Серија Б.

Па многу клубови од најсилното првенство на Италија пројавија интерес за неговите услуги, и долго време се говореше дека Џанлука Лападула е блиску до трансфер во Наполи.

Сепак, Милан во последен момент достави понуда и успеа да ја победи конкуренцијата.

Според пишувањата на медиумите „Росонерите“ вчера со Пескара постигнале договор за трансфер вреден 9 милиони евра плус бонус од 1 милион.

Џанлука Лападула утрово пристигна во Милано на лекарски прегледи, и за новинарите изјави: „Двете страни го сакаа ова. Многу сум среќен.

„Сакам да му се заблагодарам на Адриано Галијани и претседателот Силвио Берлускони, кому му посакувам брзо опоравување.