24фудбал

Ракитиќ не стравува од Роналдо: Бевме први во групата, па тој нека му ја мисли

Иван Ракитиќ е самоуверен во пресрет на дуелот со Кристијано Роналдо и Португалија, фудбалерот од средниот ред верува во нов успех на Хрватска

ЕУРО 2016

Во интервју за Блиц, Иван Ракитиќ вели дека „Коцкастите“ треба да изгинат за секоја топка во осминафиналето и убеден е во победа над Португалија доколку Хрватска ја повтори играта од триумфот над Шпанија.

„Завршивме како први во нашата група, па Роналдо и Португалија нека му ја мислат – вели Иван Ракитиќ.

„Португалија има силен состав, можеби потфрлија на натпреварите од групата, но сигурен сум дека ќе го подигнат нивото.

„Сепак, нема премногу да размислуваме на нив, ќе се фокусираме само на нашата игра.

„Треба да влеземе 100% мотивирани, да го дадеме максимумот и да изгинеме за секоја топка.

„Рецептот за успех е да ја повториме играта од победата над Шпанија.

„Свесни сме дека против нас го имаме Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во светот, но без помошта од соиграчите тој не може ништо.