24фудбал

Четворица фудбалери на Исланд кои би требало да направат трансфер во Премиерлигата

Репрезентацијата на Исланд е вистински хит на Европското првенство, добрите игри го привлекуваат интересот на клубовите за дел од играчите на оваа селекција.

ЕУРО 2016

Исланд кој има само 323.000 жители го живее својот најдобар фудбалски период во историјата. Особено откако ја елиминираа Англија ги собраа сите симпатии на љубителите на фудбалот ширум светот.

Денеска уште еднаш ќе излезат на големата сцена, на мегдан против домаќинот Франција и ќе се обидат да направат уште едно чудо.

Играчот на Свонси, Гулфи Сигурдсон е нивната ѕвезда, но се предвидува дека уште неколку фудбалери ќе му се приклучат во Премиерлигата.

Рагнар Сигурдсон

Централниот дефанзивец во моментов настапува за Краснодар. За него интерес има од шампионот Лестер, како и од Тотенхем, Вест Хем и Евертон.



Арон Гунарсон

Капитенот на Исланд во моментов настапува за Кардиф. Тој е природен лидер на исландската репрезентација. За него интерес има од Борнмут, Барнли и Сандерленд, па многу лесно може од следната сезона да настапува во Премиерлигата.



Биркир Бјарнасон

28-годишниот играч од средниот ред на Базел има прехар „Тор“. Тој има настапувано и во Серија А за Сампдорија. За Базел минатата сезона постигна десет голови на 29 натпревари што е фантастично за играч од средниот ред. За него интерес има од Стоук, Мидлсброу, Ватфорд и Вест Бромвич.



Колбеин Сигторсон

Фудбалерот на Нант како тинејџер бил на проба во Арсенал, но се одлучил за трансфер во АЗ Алкмар каде што полесно ќе стигнел до првиот тим. Пред да се пресели во Нант, Сигторсон настапуваше и за Ајакс. А сега неговиот сон за настап во Премиерлигата може да стане јаве бидејќи за него има интерес од Кристал Палас и Вест Бромвич.