24фудбал

Француската полиција уништи сомнителен автомобил пред мечот Франција - Исланд

Со контролирана експлозија француската полиција отвори сомнителен автомобил во близина на „Стад д Франс“ каде што ќе се одигра вечерашниот натпревар помеѓу Франција и Исланд.

ЕУРО 2016

На три и пол часа пред почетокот на натпреварот, полицијата изврши контролирана експлозија за да отвори автомобил кој бил паркиран на место каде што не треба да биде.

Во автомобилот не било ништо пронајдено, но полицијата не остава ништо на случајот по нападите во Париз на 13. ноември во кој загинаа 130 луѓе.

На вечерашниот натпревар присутни ќе бидат премиерите на Франција и Исланд, а редовен гостин е и францускиот претседател Франсоа Оланд.