24фудбал

Ибрахимовиќ во свој стил му одговори на Кантона

Златан Ибрахимовиќ му одговори на Ерик Кантона, Швеѓанецот му порача дека планира да биде поголем од „Кралот Ерик”

Англија

Легендата на Манчестер јунајтед минатата недела го прокоментира трансферот на Златан Ибрахимовиќ на Олд Трафорд, и му порача дека титулата крал на Манчестер му припаѓа нему па тој само може да биде принц.

Швеѓанецот сега одговори во свој стил, и истакна дека планира да биде поголем од „Кралот Ерик.

„Го обожавам Кантона – вели Ибра. „Слушнав што кажа, но треба да знае дека немам намера да бидам крал во Манчестер.

„Ќе бидам Бог во Манчестер!