24фудбал

Сисињо си ја отвори душата: Имав средба со Исус откако испив 18 каипириња и 14 пива

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Рома, Сисињо проговори за проблемите кои ги имал поради прекумерна употреба на алкохол

Останато

Бразилецот во 2005 пристигна на Сантијаго Бернабеу како голем талент но неговата авантура во Мадрид траеше кратко, и по две сезона беше продаден на Рома.

Сисињо не успеа да блесне ниту во Рим, беше испраќан на позајмици во Сао Паоло и Виљареал, а откако му истече договорот се врати во родниот Бразил.

Десниот бек сега открива дека главна причина за неуспехот е проблемот со прекумерна употреба на алкохол.

„Не можев да се задоволам со една или две чашки, морав да пијам додека не се онесвестам – вели Сисињо во разговор со ЕСПН

„Ми велеа дека ќе умрам доколку продолжам со тоа темпо.

„Имав средба со Исус откако испив 18 каипириња (бразилски коктел) и 14 пива.

„Во Рома, кога знаев дека нема да играм, кога ќе се вратев дома пиев многу и пушев, понекогаш и по две кутии на ден.

„Дома имав пакети со пива и друг вид на алкохол. Пиев сам или со лажни пријатели.

„Обожавав да одам во диско, пиев и не можев да престанам. Не земав дрога бидејќи знаев дека постојано ни прават тестови. Во спротивно, сигурно ќе земев и дрога.