24фудбал

Де Лаурентис со порака до Игуаин: Не можеш да пееш песни со фановите на Наполи и потоа да потпишеш за лут ривал

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис вели дека ќе биде апсурдно доколку Гонзало Игуаин замине од Сан Паоло и се пресели во Јувентус

Италија

Изминативе денови низ медиумите од Италија топ тема е евентуалниот трансфер на Гонзало Игуаин во Јувентус

И покрај тоа што двата клуба испратија демант, весниците продолжуваат да пишуваат дека „Бјанконерите се подготвени да ја плтат откупната клаузула на напаѓачот вредна 94,7 милиони евра.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис попладнево се појави на прес конференција од која му порача на Гонзало Игуаин дека не може да пее песни со фановите и потоа да им го сврти грбот и да се пресели во лут ривал.

„Дури и Јувентус да се врати и да ја активира клаузулата, ќе им биде потребна согласност од Игуаин – вели Де Лаурентис.

„Не можеш да велиш дека си еден од навивачите, да пееш песни за Наполи и потоа да се преселиш во еден од најлутите ривали на Наполи.

„Дуелот со Јувентус е врвот, најголемото дерби. Не сум разговарал со Игуаин, па сите работи до овој момент потекнуват од шпекулациите на медиумите и луѓе кои имаат одредени агенди.

„Доколку Игуаин заврши во Јувентус, тој ќе се предаде самиот себе. Еден ваков потег е многу контрадикторен. Јувентус и Наполи се како маче и куче. Би било апсурдно доколку тој потпише за Јуве.