24фудбал

Крањчар: Вардар одигра одлично и на двата меча, искуството беше на наша страна

Златко Крањчар вели дека Динамо Загреб благодарение на многу поголемото искуство во Европа го елиминира Вардар кој покажа херојска игра во двата меча.

Лига на Шампиони

Вардар доживеа елиминација во храбра игра против силниот Динамо Загреб. Општ е впечатокот дека благодарение само на искуството хрватскиот тим оди понатаму. Тоа го потенцира и Крањчар.

„И пред мечот реков дека Вардар од година во година е се подобар, сега сите го видоа тоа. Мислам дека на крајот нашето поголемо искуство во Европа пресуди. Заслужено одиме понатаму“ - вели Златко Крањчар.

„Лошо го почнавме натпреварот, но во второто полувреме се стабилизиравме и победивме. Немавме добра пас игра, лоши бевме во дефанзивата“.