24фудбал

Мурињо објасни зошто го продал Мата пред две години и проговори за иднината на Шпанецот

Жозе Мурињо вели дека нема ништо против Хуан Мата да остане на Олд Трафорд но го предупреди играчот дека ќе има силна конкуренција за место во тимот

Англија

Шпанецот се посочува како еден од играчите кои ова лето ќе заминат од Манчестер јунајтед бидејќи Хуан Мата не се вклопуваше во тактиката на Жозе Мурињо во Челси, и токму „Специјалниот го продаде играчот на „Црвените Ѓаволи.

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед сега го појасни трансферот од пред две години и истакна дека нема ништо против Хуан Мата да остане на Олд Трафорд.

Но Португалецот го предупредува играчот дека ќе има силна конкуренција за место во тимот.

„Мислам дека сите погрешно имаат сфатено што се случи помеѓу нас во претходниот клуб – вели Мурињо. „Никогаш не му кажав на Мата да замине. Никогаш не извршив притисок врз клубот да го продаде.

„Тој лично донесе одлука, го продадов бидејќи го побара тоа.

„Можеби не беше мојот прв избор, но играше речиси на секој натпревар. Никогаш не го изоставив од списокот од 18 играчи, но да, беше на клупата на неколку натпревари.

„Добивме добра понуда од голем клуб како Манчестер јунајтед. Јас не сакам играчи кои сакаат да заминат, па го продадовме Хуан на Манчестер јунајтед.

„Тој знае дека имам високо мислење за него, и да има место во составот за Мата.

„До 31. август секој кој не е среќен може да замине, но да бидам искрен, мислам дека Мата е среќен и очекувам да остане. Очекувам да се бори за место во тимот.