24фудбал

Јуве ќе добие попуст за трансферот на Игуаин

Медиумите од Италија пренесуваат дека „Старата Дама“ ќе заштеди неколку милиони евра и ќе добие мал попуст за трансферот на Гонзало Игуаин

Италија

Аргентинецот веќе ги помина редовните лекарски прегледи и се најавува дека Јувентус во скоро време ќе ја активира откупната клаузула во договорот на играчот вредна 94,7 милиони евра.

Медиумите од Италија сега пренесуваат дека „Старата Дама“ може да заштеди неколку милиони, бидејќи сумата од 94,7 милиони евра е валидна само доколку самиот Гонзало Игуаин ја активира клаузулата.

Но во случајов, Јувентус ја активира клаузулата па ќе бидат потребни 90 милиони евра.

Исто така се говори дека „Старата Дама“ може да ја плати оваа сума во текот на две години.