24фудбал

Кулибали не сака да биде „предавник“ како Игуаин, Јувентус не е опција за дефанзивецот

Агентот на Калиду Кулибали потврди дека дефанзивецот сака да замине од Наполи, но инсистира дека Јувентус не е опција за нив

Италија

„Наполитанците“ се обидуваат да го обноват договор на Сенегалецот, но Калиду Кулибали нема желба да остане на Сан Паоло и сака да замине од Наполи ова лето.

„Не знам каков заклучок извлекле лидерите на Наполи од нашиот последен состанок, но играчот сака да замине, а не да го обнови договорот – вели Бруно Сатин, агентот на дефанзивецот.

„По она што се случува со Игуиан, можам да им ветам на фановите дека нема да направи трансфер во Јувентус или пак друг конкурент.

„Евертон и Челси се заинтересирани за Кулибали, двата клуба се во потрага на топ дефанзивец, и цел број еден им е Калиду.