24фудбал

Пандев со гол против Лукезе, Јуриќ задоволен од Македонецот

Горан Пандев влезе од клупата за резерви на пријателскиот натпревар против Лукезе и успеа да се запише во листата на стрелците

Македонија

Џенова денеска одигра контролен натпревар против Лукезе и славеше со 3-0 над третолигашот.

Во листата на стрелците се запиша и Горан Пандев, репрезентативецот на „Црвено-жолтите“ влезе од клупата за резерви во вториот дел и во 76. минута зголеми на 2-0 откако во првото полувреме резултатот го отвори Паволети.

По крајот на натпреварот, тренерот на Џенова, Иван Јуриќ упати пофални зборови за Македонецот.

Пандев е голем играч, тренира одлично – вели Јириќ. „Покажува знаци дека се враќа во старата добра форма.

„Мислам дека дури може да игра и како класичен напаѓач.