24фудбал

Нови главоболки за Мурињо, проблематичен е и теренот во Гетеборг (ФОТО)

Манчестер јунајтед утре треба да одигра пријалтески натпревар против Галатасарај во Гетеборг, а на Жозе Мурињо сигурно нема да му се допадне состојбата на теренот на Улеви Стадионот

Англија

Во понеделникот беше откажано градското дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Манчестер Сити во Кина откако големото невреме кое го зафати Пекинг го оштети теренот на „Птичјото Гнездо“.

„Мојата единствена цел е безбедно да ги вратам играчите дома без повреда. Нема услови да се одигра добар фудбалски натпревар – рече „Специјалниот“ за откажаната средба со Манчестер Сити.

Медиумите од Англија сега пренесуваат дека Португалецот го чекаат нови главоболки за утрешниот дуел со Галатасарај во Гетеборг.

Оваа недела на Улеви Стадионот беше оддржан концерт на Брус Спрингстин, и состојбата на теренот е лоша, тој е нерамен и прилично оштетен на средината и кај голманскиот простор.